Санадер за трите корупциски пресуди доби единствена казна од 18,8 години затвор

January 20, 2023
1 min read

Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер да мора да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци.

Хина од судот дозна дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати.

Адвокатот на поранешниот хрватски премиер, Чедо Продановиќ, како апсолутно неоснована ја оцени одлуката на вонсудскиот совет, со кој се определи единствена казна за трите досега правосилни пресуди, и притоа најави жалба.

Одбраната смета дека за сите пресуди, со оглед на тоа што се слични кривични дела, Санадер не може да добие здружена казна затвор над 15 години.

Поранешниот премиер досега во притвор или поради пресудите зад решетки има минато околу седум и пол години. Предвремено ослободување од затвор во хрватскиот затворски систем може да се бара по отслужување на половина од казната, а тоа обично се доделува по издржување на две третини од неа.

Санадер, по неколкуте притвори и ослободувања, континуирано е во затвор од април 2019 година, кога Врховниот суд му ја зголеми казната за корупција во случајот „Планинска“ на шест години затвор. Во тој случај, поранешниот сопственик на месната индустрија и пратеник на ХДЗ, Стјепан Фиолиќ, призна дека на поранешниот премиер му донел десет милиони куни и еден милион евра провизија откако купил деловна зграда од државата под нејзината пазарна цена.

Во октомври 2021 година, највисокиот суд делумно ја потврди пресудата од повторената постапка за случајот Фими медиа, според која ХДЗ мора да плати казна од 3,5 милиона куни за извлекување пари од државни институции и фирми, додека за Санадер, заедно со враќањето на противправната корист, казната од осум му се намали на седум години затвор

На крајот на октомври 2021 година, Врховниот суд ја потврди првостепената пресуда со која Санадер беше осуден на шест години затвор за примање поткуп од шефот на унгарската МОЛ, Золт Хернади, додека недостапниот Хернади беше осуден на две години затвор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се изработи анализа за како да се спаси Преспанското Езеро, најави Ковачевски

Следно

Гундоган се сели во Барселона

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop