Ќе се изработи анализа за како да се спаси Преспанското Езеро, најави Ковачевски

January 20, 2023
1 min read

Во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во посета на Преспанскиот регион.

Премиерот потенцира дека се работи за огромен проект кој треба да биде поддржан и од нашите партнери и увери дека државата нема да го остави Преспанското Езеро.

– Државата ќе преземе се што е во нејзина надлежност и можности во однос на непогодата која што се случи на Езерото Прсепа. Преспанското езеро природно е поврзано со Охродското Еезеро и нормално дека како резултат на овие климатски промени како на пример има се помалку врнежи и водостојот на езерите и реките во државата е намален како и во цела Европа, се случува големиот дел од езерата и реките да се со намалена количина на вода. Ние разговаравме со ресорните министерства по однос на овој проблем и во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро. Се работи за огромен проект кој треба да биде поддржан и од нашите партнери. Државата нема да го остави Преспанското Езеро, рече Ковачевски.

На новинарско прашање околу отворањето на граничниот премин Маркова кула кон Грција, Ковачевски рече дека верува дека во најбрз можен период ќе може да се зборува за отворање на овој граничен премин.

– Активноста на отворањето на овој граничен премин се одвива поодминат период наназад, а сите детали околу ова треба да ги разговарам со МВР и други надлежни институции и со грчката страна, бидејќи таму има активности коишто треба да се завршат. Верувам дека во најбрз можен период ќе може да зборуваме за отворање на овој граничен премин, што не беше случај во минатото, рeче Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжуваат актвностите за чистење на Аеродром, исчистени депонии на неколку локации во општината

Следно

Санадер за трите корупциски пресуди доби единствена казна од 18,8 години затвор

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop