Само една контрола на граничниот премин „Блаце“ – Тошковски: Во април ќе се стави во функција „Оне Стоп Шоп“

February 21, 2025
1 min read

Граничниот премин Блаце, е еден од најфреквентните и за кого најмногу се зборува во последно време!

Ова е поради километарските колони и долгите чекања на граѓаните за влез-излез од Северна Македонија-Косово. Но има надеж дека во април тоа ќе заврши!

Како што рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најдоцна до април година ќе почне да функционира оне стоп шоп.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла и првиот вицепремиер, Изет Меџити, се сретна токму на овој граничен премин каде ја соопштија добрата вест.

-Јас верувам дека постојаниот контакт, колку повеќе да контактираме толку поблиски и подобри ќе бидат контактите меѓу нашите земји, се надевам дека и тест периодот ќе помине успешно и се ќе се спроведе што е можно поскоро, изјави Џелал Свечла, министер за внатрешни работи во Косово.

-Сакам да им честитам на министрите Тошковски и Свечла за интензирањето на работите, реализирањето на овој проект „оне стоп шоп“ тука во Блаце, Јажинце покасно и во други гранични премини нешто што видно ќе го олесни текот на луѓе од двете страни. Ги зближува двете земји, изјави Изет Меџити, прв вицепремиер.

Тие кои едвај чекат текот да биде полесен на овој граничен премин се граѓаните.

Граѓанин: Многу би било добро, кај другите гранични премини веќе е, тука треба да се направи што поскоро.

Новинар: Дали верувате дека ќе се направи?

Граѓанин: Доколку соработуваат Владите ќе биде побрзо, доколку не, ќе доцни.

Новинар: Дали верувате дека ќе биде во функција „оне стоп шоп“?

Граѓанин: Да.

Инаку директорот на Царина, Бобан Николовски пред 10 дена во Дејли Клик на ТВ21 рече дека од 1 март се очекува да се стави во функција „оне стоп шоп“ на граничниот премин Блаце и Јажинце.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДАРКО КОСТОВСКИ СО АПСОЛУТНА ДОМИНАЦИЈА КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ПОЛИТИЧКИОТ РЕЈТИНГ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Следно

Зоран Иванов за Иван Мирчевски: Уште колку пати нејзниот директор ќе си ја слизнува престижната Канал 5 кон моралното дно?

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop