Салиу во Шутка, Сарачини и Незири во куќен притвор – се проширува истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани

April 13, 2025
1 min read

Поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири добија мерка куќен притвор, додека поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу, доби ефективен притвор. Овие мерки се дел од новата фаза на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, по нејзиното проширување на нови осомничени лица.

Покрај Салиу, уште три други лица добиле ефективен притвор, но од Обвинителството засега не се откриваат нивните имиња ниту функциите што ги извршувале. Освен Сарачини и Незири, уште четири други лица се со одредена мерка куќен притвор, додека останатите осум осомничени лица се со мерки на претпазливост, пред сè поради опасност од бегство.

Во истрагата е опфатен и актуелниот амбасадор на Македонија во Норвешка и Исланд, Дритон Куќи, кој исто така е поранешен министер за економија. Иако против него сè уште не се преземени мерки, Куќи најави дека доброволно ќе се врати во земјата по добивањето на статус на осомничен.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека се очекува амбасадорот Куќи во најскоро време да се стави на располагање на институциите во Македонија. „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, изјави Тошковски.

Истражните органи водат постапка против вкупно 47 физички и три правни лица. Меѓу нив, под истрага се и седум полициски службеници. „Се преземаат сите потребни истражни дејствија“, соопшти обвинителот Љубомир Коцевски.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден, изречени казни во висина од 3.650 евра

Следно

Опозицијата со многу сомнежи за истрагата – обвинувања за пристрасност и обиди за зголемување на тензиите

Latest from Blog

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите
Go toTop