САКСОФОНИСТОТ РОДРИГО АМАДО И ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ БЕНД НА МАТС ГУСТАФСОН ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

October 18, 2024
1 min read

Два концерта во Националната опера и балет се на програмата на втората вечер на 43. Скопски џез фестивал.

Од 20 часот настапува квартетот на португалскиот саксофонист Родриго Амадо, опишан како еден од најзначајните европски импровизатори во моментов. Тој во Скопје ќе го претстави својот нов, меѓународен бенд „Бриџ“ (The Bridge), во кој членуваат тројца ветерани на џезот: германскиот пијанист Александер фон Шлипенбах, норвешкиот контрабасист Ингебригт Хокер Флатен и американскиот тапанар Џери Хемингвеј.

Експерименталната група „Ди Енд“ (The End), составена од талентирани музичари од Норвешка, Австрија и Шведска, ќе одржи концерт од 22 часот. Предводена од славниот саксофонист Матс Густафсон, музиката на „Ди Енд“ е уникатен спој на грајндкор, слободен џез и ноиз, збогатена со елементи од мавританската, етиопската, индиската и скандинавската народна традиција.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пари за пензии има, ама дупката во Буџетот месечно ќе расте за над 14 милиони евра

Следно

„Имав бурни дебати со Османи и Заев, но новата влада во 2022 година ја напушти претходната позиција, и затоа сме во оваа каша сега“, рече Димитров во „Дејли Клик“

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop