Саем за безбедност во Париз, АТС единствена од Македонија ги нуди своите производи

November 14, 2023
2 mins read

реклама


„Традиционално Министерството за внатрешни работи на Франција секои две години го организира овој голем светски заем. Над 30 илјади посетители поминуваат овие денови, а над 1000 се изложувачи од сите земји. Единствени од Македонија се АТС Груп кои ги претставуваат своите најсовремени производи и производството на муниција со нивните фабрики. Започнал овој саем уште пред 100-тина години кога мода биле системите за видео надзор, но и информационите системи. А денес, зборуваме за многу софистицирани и модерни производи кои се употребуваат за безбедноста во државата.“, од Париз јавува репортерот на ТВ21, Јовица Пауноски

-Со какви производи се претставувате и што значи овој саем за АТС?
„АТС на овој саем ја претставува групацијата и производите од трите фабрики. Балистика до муниција и производство на машини“, рече Шефшет Демировски, извршен директор на АТС.

реклама

Во трите фабрики на АТС, две во Скопје и една Самоков, Македонски брод вработени се над 500 лица.

-Гледаме дел од производите ваши, тука има и дел од вашата конкуренција која што произведува слични производи, што е она што ве издвојува од останатите? Што ве издвојува или што нудите поразлично?

„Квалитетот. Јас мислам дека ако произведуваш квалитет нема конкуренција. И она што го правиме е најдобар квалитет, најдобри модели и исто сме на американскиот пазар, каде 40% од нашите производи завршуваат таму. Работиме за НАТО земји што е многу важно за нас.“, изјави Демировски.

-Директоре се наоѓаме во еден од можеби најважните делови од овој саем, тоа е муницијата, која исто така ја произведувате. Што е значајно, колкави се капацитетите моментални?

Демировски: Нашата фабрика како што знаете се наоѓа во Македонски Брод во Самоков. Една од последните фабрики изградена во Македонија. Од 2019 година фабриката е наша и кога ја презедовме не беше во состојба да работи. Сега имаме 350 вработени и моментално произведува муниција повеќе него за времето на Југосалвија со новите инвестиции кои ги правиме само во 2022 и 2023, а ќе продолжат и во 2024 имаме инвестиција околу 47 милиони нова инвестиција и ќе има 550 вработени и ќе произведуваме околу 250 милиони мала муниција годишно, со тоа ќе биде најголема фабрика во регионот.

реклама

АТС е меѓу малкуте фабрики во светот која произведува и сопствени машини, но и фабрики со клуч на рака.

„Оваа линија што ја гледате тука е целосно автоматизирана, со 5 до 6 луѓе во смена може да произведува до 5 милиони муниција месечно.“, рече Демировски.

реклама

На саемот присутни беа и министерот за Економија Крешник Бектеши и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

АТС не застанува тука. Од февруари се планира да започне и производството на панцири кои ќе добијат со помалку слоеви поголема заштита.

„Ова е прва и во Македонија и Европа, ваков тип на производство. Моментално има во Америка, Кина и Израел. Ќе биде прво производство од ваков тип на материјали“, вели Демировски.

-Пишува, помалку слоеви, повеќе заштита. Дали тоа ќе значи и крајниот производ би бил и со помала тежина. Која е клучна во една воена офанзива?

„Да тоа ќе биде и многу поефикасна и пофлексибилна и помалку слоеви. Ова е нова технологија која веќе две-три години се употребува низ светот, а прва ќе биде во Европа.“, изјави Демировски.

Речиси 40 години, Милипол Париз ужива светски статус како водечки настан посветен на професијата за безбедност. Обезбедува совршен форум за презентирање на најновите технолошки иновации во областа, ефикасно задоволувајќи ги потребите на секторот како целина и, исто така, адресирање на тековните закани и опасности.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vallë më në fund ndërtesa administrative e Eurostandard Bankës do të bëhet me pronar të ri dhe me këtë kreditorët do të dëmshpërblehen!

Следно

Утврден Предлог-Буџетот за 2024 година од страна на Владата

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop