САЕ „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината (ВИДЕО)

March 13, 2025
3 mins read

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Елита меѓу елитите. Специјална антитерористичка единица Тигар.

Време на собирање искуство, созревање, посветеност, време кое е плод на сите генерации поминати во единицата. Време кое денеска запишува близу половина век, 44 години од формирањето на „Тигрите“.

На 13 март во 1981 година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Единицата одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија, а имаше значаен удел во справувањето со повеќе безбедносни предизвици со кои се соочи Македонија на патот од осамостојувањето па се до денес.

-Со текот на годините единицата и структурно и формациски се менувала, како и опремата напредувала. И во делот на вооружувањето, и во делот на средствата и опремата која ја користат припадниците, така и во возилата и полигоните за обука, вели припадник на САЕ Тигар во изјава за Курир.

Тие го гарантираат мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Токму тука секој припадник ја наоѓа мотивацијата да се приклучи на единицата.

-Мотивацијата и желбата на еден припадник за да биде дел од нашата единица е пред се’ повикот. Повикот е зачувување на безбедноста и поредокот на нашата држава притоа давајќи саможртва, со цел успешност во извршувањето на задачите, истакнува припадникот на единицата.

МВР

Пред четири години „Тигрите“ се преименуваа, од Единица за специјални задачи во Специјална антитерористичка единица, потреба која се јавила поради глобалните случувања и закани.

-Знаеме дека тероризмот нема граници, тоа значи дека е секаде, па и кај нас. Задачите кои произлегуваат од актуелните безбедносни состојби наметнаа да го смениме начинот на извршување на задачите и самиот тип на задачи. Така произлезе потребата да се преименуваме во Специјална антитерористичка единица Тигар со цел решавање на сложени безбедносни закани како што се тероризмот, екстремниот радикализам и други задачи, нагласува припадникот на САЕ „Тигар“.

Зад нив стојат поминати часови и часови напорни тренинзи, исклучителна ментална и физичка подготвеност, како и искуство од многубројните извршени сложени безбедносни задачи.

Обуките се дел од нивните секојдневни обврски, а одлична соработка во овој сегмент имаат и со странски сродни единици, се во насока на што поголемо усовршување и подготвеност на единицата.

-Извршуваме обука самостојно од нашите инструкторски тимови, но исто така подлежиме и на обука со сродни полициски и воени единица, како во странство, така и дома.  Она што најмногу го практикуваме е усвојување на нови тактики при извршување на задачите, но исто така и голем акцент на размена на искуства, вели припадникот на „Тигар“.

Алпинистички тим, нуркачки, снајперски тим, тим за отстранување бариери при влез во простории, преговарачки тим, медицински тим, тим за беспилотни летала и тим за службени кучиња кој е во развој, се составен дел од САЕ Тигар кои се во секој момент подготвени за решавање на сложени ситуации. Но, како и во секоја професија, така и во оваа, припадниците на „Тигрите“ имаат предизвици.

-Најголемите предизвици со кои се соочува еден припадник на единицата се успешност во извршувањето на задачата, а притоа да не дојде до несакани последици, односно повреда на некој од припадниците или пак повреда на лица кои што се затекнати на самото лице место, недолжни цивилни граѓански лица, велат од „Тигрите“.

Неретко како единица учествуваат и во спасувачки акции. Најчесто тоа се спасувања на лица на тешко пристапни планински терени, или извлекување на лица од водени површини. Голем дел од спасувачките акции се пресликуваат во сценаријата од обуките кои ги изведуваат, бидејќи како што велат, гледаат ситуациите да бидат што поблиску до реалноста.

Од своето формирање, па се до денес, секој припадник дал свој придонес, бил пожртвуван и оставил печат, пишувајќи ја историјата на „Тигар“. Човечките загуби со кои се соочи единицата не се забораваат. Припадниците на „Тигар“ го чуваат споменот на своите колеги кои ги дадоа животите при зачувување на државната безбедност. Нивната жртва е аманет и водилка за сегашните и идните генерации, да опстојат на нивниот пат и да не заборават што значи да се биде припадник на „Тигар.“

Овие момци и девојки не се откажуваат од своите цели, а меѓу нив е вмрежувањето во АТЛАС мрежата.

-Следните цели се модерно опремување, поставување на нови полигони за увежбување и вмрежување во АТЛАС мрежата, односно АТЛАС мрежа на специјални полициски единици од Европската Унија каде ќе можеме да ги размениме искуствата помеѓу единиците, но исто така да увежбуваме различни сценарија кои произлегуваат од реалните ситуации, вели за Курир припадник на единицата.

Од заклетвата која ја даваат отстапки нема. И како што и самите тие велат „патот до совршенството е бесконечен, затоа патувањето непрекинато трае“, што го отсликува стремежот на припадниците со напорна работа да се надградуваат секој ден, се повеќе и со тоа да придонесат во градењето на подобар безбедносен систем за заштита на нашата татковина.

МВР

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Следно

Молитвата терави првпат по 12 години извршена во џамијата Омајад во Алепо

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop