Садио Мане се враќа во Премиерлигата

1 min read

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане по само една сезона ќе го напушти Баерн Минхен, а последните гласини велат дека повторно ќе заигра во Премиерлигата, овојпат во тимот на Челси.

Новинарот Педро Алмеида пишува дека веќе се почнати преговори за трансфер на Садио Мане од Баерн Минхен во Челси. Наскоро Маурисио Покетино ќе биде назначен за нов тренер на Челси, а негова желба е тимот да се засили и со нов напаѓач. Мане оваа сезона одигра 36 натпревари за Баерн Минхен, постигна 12 голови и  имаше пет асистенции.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Голем хрватски талент пред потпис со ПСЖ

Следно

Вучиќ ги повика граѓаните на историски најмасовниот собир во Србија

Latest from Blog