САД: Убил пет соседи откако му побарале да престане да пука во дворот за да заспијат бебе

April 29, 2023
1 min read

Убиецот, по кого сеуште се трага, е Мексиканец. Сите убени, меѓу кои е и 8 годишно дете, се од Хондурас. Барем две деца го преживеале нападот бидејќи дел од жртвите ги заштитиле со телата

Франциско Оропез е името на осомничениот извршител на последното во серијата масовни пукања со огнено оружје во Соединетите Американски Државни. Настанот се случил во малото гратче Кливленд (Област Сан Јакинто), Тексас.

Според истрага, пренесува Би-Би-Си, жртвите побарале од соседот Оропез, за кој се претпоставува дека бил пијан, да престане да пука во својот двор бидејќи се обидувале да заспијат бебе. Неговиот одговор, велат од локалната полиција, бил дека „ќе пукам во мојот двор, ќе правам што сакам во својот дом“.

Кливленд, Тексас (фото, принтскрин Си-Ен-Ен)

Откако двете страни се вратиле во своите куќи, Оропез ја наполнил пушката, пеш дошол кај соседите, влегол во нивната куќа и почнал да пука. Во моментот кога отворил оган, во куќата имало 10 лица. Четворицата возрасни починале на лице место, додека осумгодишното дете починало во болница.

Меѓу жртвите се две жени чии тела биле пронајдени врз две преживеани деца.

„Според мене, жените се обиделе да ги заштитат децата… На сите жртви им е пукано од вратот нагоре, во главата, во стил на егзекуција“,

изјавил локалниот шериф Грег Каперс.

По убиецот сеуште се трага. Не е исклучено дека е пребегнат во Мексико.

Друга сосетка, Вероника Пинеда, изјавила дека го слушнала пукањето но дека во населбата постојано се слушаат истрели, што веќе е станато нормално. „Секогаш се повикува полиција, но ништо не се прави“, додала таа.

Пред само неколку дена, девет лица беа повредени во пукање за време на тинејџерска забава во западен Тексас. Пред две недели, пак, четири млади беа убиени во пукање на забава за 16 годишен роденден во Алабама.

Инцидентите со оружје се прва причина за смрт на децата и тинејџерите во САД, покажуваат податоците на Центарот за превенција и контрола на болести на САД.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заменик-претседателот на Судскиот совет со „креативно“ толкување на разрешувањето на претседателката: Сè што не е забрането е дозволено

Следно

Директорката принудена на оставка поради голотијата на Давид на Микаленџело ја посети скулптурата

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop