САД: Силно го поддржуваме процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија

March 1, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот Стејт Департмент ја поздрави средбата на лидерите на Косово и Србија и изрази поддршка кон нормализација на односите меѓу дветее земји, известува Анадолу.

„САД ги поздравува разговорите меѓу челниците (Косово и Србија) во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ на 17 февруари и силно го поддржува процесот на нормализација на нивните односи“, се наведува во писмената изјава на портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

Тој истакна дека вчерашниот состанок бил добар чекор напред, но престојува тешка работа.

„Договорот за спроведлив анекс е клучен за нормализација според предлогот на ЕУ. Напредок кон воспоставување на заедница на општини со српско мнозинство останува клучен за изградба на иднината на Косово како суверена, мултиетничка и независна земја интегрирана во евроатлантските структури“, порача Прајс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АФАД: Бројот на загинати во земјотресите во Туркије зголемен на 45.089

Следно

Во возило на 22-годишен скопјанец пронајден кокаин

Latest from Blog

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,
Go toTop