САД по 18 години ослободија двајца Малезијци од Гвантанамо

December 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Соединетите Американски Држави вратија двајца малезиски државјани во Куала Лумпур, откако ги држеа 18 години во затворот Гвантанамо, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи Датук Сери Саифудин Насут Исмаил потврди дека Малезија ги прифатила приведените и го олеснила нивното враќање во земјата, според „Њу стрејтс тајмс“.

Мохамад Фарик Амин (48) и Мохамед Назир Леп (47) беа приведени во Тајланд во 2003 година во врска со бомбашките напади на Бали во 2002 година, во кои загинаа 202 лица.

Ниту еден од осомничените не се соочи со судење за време на нивниот притвор.

Американското Министерство за одбрана во соопштение потврди дека и двајцата се изјасниле за виновни пред Воената комисија за повеќе прекршоци, вклучително и убиство со кршење на законот за војна, намерно предизвикување сериозни телесни повреди, заговор и уништување имот со кршење на законот за војна.

Секретарот за одбрана, Остин, минатиот месец го извести Конгресот за неговата намера да ги врати Амин и Леп во Малезија.

Досега, 27 притвореници се наоѓаат во заливот Гвантанамо.

Пентагон исто така ја потврди репатријацијата на Мохамед Абдул Малик Бајабу од заливот Гвантанамо во Кенија.

​​​​​​​Бајабу помина повеќе од 17 години во притвор без обвинение.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, со отчет до своите граѓани за тригодишната работа

Следно

Просечната цена на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop