САД ќе воведат целосни санкции против Нафтената индустрија на Србија

December 14, 2024
1 min read

Србија е вознемирена по веста дека за неколку дена САД ќе воведат целосни санкции против Нафтената индустрија на Србија, поради руска сопственост.

Од 2008 година, НИС е во мнозинска сопственост на руската државна компанија „Гаспром нефт“ и нејзината чадор компанија „Гаспром“.

Според најавите, санкциите ќе стапат на сила на 1 јануари 2025 година и дека станува збор за „веројатно најстроги санкции“.

Според податоците на Централниот регистар на хартии од вредност, „Гаспром нефт“ и „Гаспром“ поседуваат 56,15 отсто од поранешниот државен гигант, додека 29,87 отсто се во сопственост на Република Србија.

Европската унија и САД го ставија „Гаспром нефт“ во црната листа во 2014 година по руската анексија на украинскиот полуостров Крим.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИЦЕФ повика на акција бидејќи децата во Газа секојдневно се соочуваат со крвопролевање

Следно

Многу малку се водело сметка за кадровскиот потенцијал, Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop