Сабаленка: Условите во финалето на Ролан Гарос беа ужасни

June 8, 2025
1 min read

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пожали на временските услови на натпреварот против Американката Коко Гоф во финалето на Отвореното првенство на Франција.

Белорусинката вчера загуби во три сета – 7:6 (7:5), 2:6, 4:6.

– Силниот ветер стануваше сè посилен, а потоа стивнуваше. Беше ужасно з аигра. Таа ја удираше топката, а ветерот додаваше брзина на ударите, поради што постојано доцнев. Покрај тоа, топката многу лошо отскокнуваше на земјената подлога, па морав да се повлечам за да се справам со ваквите удари, рече Сабаленка на прес-конференцијата по мечот.

Дваесет и едногодишната Гоф стана шампионка на „Ролан Гарос“ за прв пат во кариерата.

За Гоф ова е втора Грен слем титула. Првата и е од Отвореното првенство на САД во 2023 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го предупреди Маск за „сериозни последици“ доколку ги финансира демократите

Следно

Стејт департментот потврди за мигрантите: Разговараме со земјите од Балканот во рамки на поширока стратегија

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop