Руте: Новата цел за одбранбени трошоци ќе биде многу повисока од два отсто од БДП

February 3, 2025
1 min read

Мора да ги зголемиме трошоците за одбраната и одбранбеното производство, но за нивото на зголемување ќе решаваме подоцна и врз основа на анализите што ќе ги направиме ќе поставиме нова цел за издвојувања за одбранбените потреби, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на работниот ручек со лидерите на ЕУ во рамки на денешниот неформален Самит на Унијата што се одржува во Брисел.

– Можам да ве уверам дека таа (цел) ќе биде значително повисока од два проценти (од БДП), изјави Руте, додавајќи дека европските земји мора да вложат повеќе напори за споделување на товарат на трошоците за одбраната со САД.

Во моментов НАТО има поставено за цел сите земји членки за трошоци за одбраната да издвојуваат средства во висина од најмалку два отсто од својот БДП, но во последниве месеци зачестија повиците за зголемување на нивото на овие издвојувања.

Според Руте, ЕУ мора да ја зајакне својата одбрана во блиска соработка со Норвешка, САД и Велика Британија во рамките на НАТО и да донесе одлука за одбранбените трошоци врз основа на сопствените цели.

На прашање што ќе биде преземено за заштита на Данска од „насилно менување на границите“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ги оствари своите планови за преземање на Гренланд, Руте избегна да даде конкретен одговор, истакнувајќи дека првиот човек на САД е во право кога говори за потребата од зајакнување на безбедноста во реонот на Арктикот.

Според Руте, кога станува за зајакнување на колективната безбедност на арктичкиот Далечен Север, не станува збор само за Гренланд, туку тука влегуваат и Исланд, Норвешка, Шведска, Финска, Канада и самите САД.

– Ќе работиме заедно во рамките на НАТО, заеднички да го направиме она што е неопходно за (безбедноста на) Далечниот Север, рече Руте.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп ја укинува финансиската поддршка за ЈАР поради наводни злоупотреби

Следно

МО го зголемува интересот кај младите за Армијата, започна популаризацијата на воената професија

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,
Go toTop