Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западниот Балкан

April 3, 2025
2 mins read

НАТО е посветен на обезбедување на стабилноста на Западниот Балкан, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте при пристигнувањето на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Пактот во Брисел, на која учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  

– Заедно со нашите пет сојузници – Црна Гора, Северна Македонија, Словенија, Хрватска и Албанија, работиме да обезбедиме задржување на стабилноста на Западниот Балкан, истакна Руте. 

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, показател за ваквата посветеност на НАТО на регионот се и неговите неодамнешни посети на Сараево и Приштина, како средбата во Брисел и разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Во однос на Украина Руте нагласи дека добра вест е што американскиот претседател Доналд Трамп го „проби ќор-сокакот“ и започна дијалог со Русите и Украинците, што НАТО целосно го поддржува и е подготвен да помогне. 

– Американците изразија јасна посветеност дека секој договор за примирје или целосен договор за Украина мора да биде траен и одржлив и да бидеме сигурни дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се обиде да заземе ниту еден квадратен километар од Украина во иднина, истакна Руте. 

Тој посочи дека САД и натаму остануваат доверлив партнер на НАТО, што се потврдува и со изјавите на претседателот Трамп за целосна посветеност на Членот 5 од Основачкиот документ на Алијансата, но од негова страна има и очекувања од европските сојузници и Канада да издвојуваат повеќе средства за одбраната. 

– Тоа и го имаме во моментов. Имаме можеби најголемо издвојување за одбранбените трошоци од падот на Берлинскиот ѕид во 1989, но сепак мора да направиме повеќе. Тоа сигурно ќе биде на дневниот ред денеска. Имаме јасна посветеност од САД и очекувања за изедначување на трошоците на европскиот дел од НАТО со нивните, поради заканата од Русија, поради тоа што го прави Кина со своето нуклеарно оружје и секако поради Иран и Северна Кореја, истакна Руте. 

Според него, иако засега нема прецизни цели, јасно е дека трошоците за одбраната на европските членки на НАТО и Канада мора да бидат над три проценти од националниот БДП. 

Тој потенцира дека сите 32 членки на НАТО се фокусирана на одбраната на Алијансата од долгорочните закани, бидејќи настаните што се случуваат во Евроатлантскиот  и во Азиско-пацифичкиот регион се повеќе се поврзани поради фактот што Русите работат заедно со Кинезите, Севернокорејците и со „мулите во Иран“. 

Во врска со некои стравувања дека САД би можеле да се повлечат од Европа и своето воено внимание да го пренасочат во други региони на светот, Руте истакна дека тоа не е ништо ново бидејќи Американците со години кажуваат дека сакаат да посветат поголемо внимание на Азија, дека има случувања во Пацификот на кои мора да внимаваат, како и дека Европејците треба да трошат повеќе за својата одбрана, што сега и се случува. 

– Тие прашања не се нови. Нема планови (Американците) одеднаш да го повлечат нивното присуство тука, но знаеме дека Америка, како супер сила, мора своето внимание да го посвети на повеќе локации одеднаш, рече Руте, додавајќи дека сојузниците работат заедно на зајакнување на Алијансата и се посветени на соочување со главните предизвици. 

Запрашан зошто на дневниот ред на дводневниот министерски состанок не е ставено и прашањето околу американските закани кон Гренланд, Руте изјави дека за островот би можело да се говори во една поширока дебата за состојбите во реонот на Арктикот, чиј дел не е само Данска и оваа нејзина територија, туку и Исланд, Канада, САД, Норвешка, Финска, Шведска, каде се повеќе е видливо кинеското и руското присуство. 

– Овие седум земји членки мора да работат се повеќе и повеќе заедно за да обезбедиме дека овој дел од светот ќе остане сигурен, истакна Руте. 

Тој порача дека на дводневниот министерски состанок покрај фокусот на главната тема – зголемување на одбранбените трошоци, ќе се говори и за зајакнување на одбранбеното производство. 

Руте потсети и дека на состанокот ќе присуствуваат и претставници на четирите земји партнери на НАТО од Азиско-пацифичкиот регион – Јапонија, Јужна Кореја Австралија, и Нов Зеланд, со кои ќе се разговара за зајакнување на партнерствата, како и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, со кои очекува плодни дискусии за заедничките закани и за тоа како да се зајакне Украина. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари 

Следно

Извршителите си дојдоа по своето, „Соравиа“ се продава

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop