Рустеми ветува дека автопатот е при крај – до крајот на годината првите 2 километри ќе бидат спремни

October 23, 2023
1 min read

реклама


Полека почнаа да добиваат форма првите два километри од автопатот Скопје-Блаце. Како што се гледа на снимките, веќе почна да се асфалтира дел од патот.

„Многу ветувања и рокови за завршување на патот Скопје-Блаце, но како што може да се види од снимките, првите 2 километри се уште не се завршени, иако директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми за ТВ21 вети дека на пролет оваа година  требало да бидат завршени овие 2 километри“, вели репортерката на ТВ21.

реклама

Рустеми вели дека доцнењата на патот Скопје-Блаца се поради проблеми во проектирањето. Ветува дека до крајот на годинава ќе можеме да патуваме по новиот автопат.

„Овие два километри ќе бидат пуштени. Еден дел ќе биде во употреба бидејќи едниот дел мора да биде целосно поврзан со другите 10 километри. Значи до крајот на годината ќе биде во функција главниот пат во должина од 2 километри, кој ќе не поврзе со границата“, вели Ејуп Рустеми.

реклама

Проблем на патот Скопје-Блаце е и семафорот на влезот во тунелот кој предизвикува долги чекања и редици. И често нетрпеливите возачи возат на црвено светло, загрозувајќи ги животите на другите. Но овој семафор наскоро ќе биде отстранет, односно на почетокот на ноември кога се очекува да завршат работите, рече директорот Рустеми.

„Тунелот не беше рехабилитиран 50 години, а ние доделивме дополнителни средства за да се санира тој тунел, мораше да го подобриме и движењето на возилата. Односно, од едната страна на тунелот се работеше, а од другата страна се движеа возила. Потребно е подолго време за рехабилитација“, додаде Ејуп Рустеми.

реклама

Рустеми за ТВ21 изјави и дека до крајот на годинава ќе заврши реконструкцијата на стариот пат Скопје – Блаце. Инаку, изградбата на овој автопат доцни неколку години.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велешанец испрскал бензин дома, а потоа и се заканувал на сопругата и децата

Следно

Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака, Мицкоски му даде на Ковачевски предлог за термин за избори

Latest from Blog

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од
Go toTop