Руските власти тврдат дека собориле дрон кој целел на Москва

July 28, 2023
1 min read

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на каналот Телеграм изјави дека обидот за напад врз Москва се случил во текот на ноќта и дека нема жртви и не е предизвикана материјална штета. Од украинска страна нема коментар на изјавата на руските власти

Руското министерство за одбрана утрово соопшти дека во текот на ноќта бил одбиен напад со дрон кок целел на мета во регионот на главниот град, Москва, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Црвениот плоштад со Кремљ во Москва (Илустративна фотографија) / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Според министерството дронот бил соборен од руските противвоздушни сили, но точната локација каде се случило тоа не е наведена во соопштението.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на каналот Телеграм изјави дека обидот за напад врз Москва се случил во текот на ноќта и дека нема жртви и не е предизвикана материјална штета.

Од украинска страна нема коментар на изјавата на руските власти.

Инаку, ова не е прв напад со дрон врз Москва. Во понеделникот беспилотни летала ги нападнаа Москва и украинскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Тогаш беспилотно летало удри во складиште за муниција во близина на Џанкој, поради што беше евакуирано населението од неколку соседни села, а локалните патишта беа блокирани за сообраќај.

Во Москва, пак, еден од двата дрона кои оштетија две згради во градот, паднал во близина на воениот објект Комсомолски проспект.

Властите во Москва нападот, во кој немаше повредени лица, го нарекоа  дрзок терористички чин и најавија жестоки одмазнички мерки како одговор.

Претходно дронови кои се движеле кон Москва беа соборени од руските противвоздушни сили на почетокот и на крајот на мај, како и на почетокот на јули. За сите досегашни напади Москва ги обвини властите во Киев, кои не ја презедоа одговорноста за ниту еден од нив, не излегувајќи со никакви коментари во врска со обвинувањата.

Во нападот кој се случи на почетокот на мај, руските власти излегоа со тврдења дека противвоздушните сили собориле две беспилотни летала чија цел бил Кремљ. Москва го оквалификува нападот како обид за убиство на рускиот претседател Владимир Путин, иако тој во тоа време не бил присутен во зградата на руското претседателство.

Со став за нападите во внатрешноста на Русија во понеделникот излезе и Белата куќа, чија портпаролка Карин Жан-Пјер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нападот претходно истиот ден, рече дека американската администрација не ги поддржува ваквите акции.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени 21 навивач за инциденти пред и за време на натпреварот Шкупи- Левски

Следно

Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop