Рускиот министер за надворешни работи доаѓа на разговори во Туркије

1 min read

АНКАРА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес ќе ја започне дводневната посета на Туркије, јавува Анадолу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Лавров ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Се очекува министрите утре (петок) да одржат и заедничка прес-конференција во главниот град Анкара.

Ќе се разговара за прашања како што се руско-украинската војна, Договорот за транспорт на жито преку Црното Море и енергетската соработка.

Туркије, меѓународно пофалена за нејзината посредничка улога меѓу Украина и Русија, постојано ги повикува Киев и Москва да стават крај на војната, која трае повеќе една година, преку преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Македонската репрезентација останува 65-та на ФИФА ранг-листата

Следно

Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

Latest from Blog