Руски бомби го погодија украинскиот град Запорожје

September 24, 2024
1 min read

Шеснаесет лица се повредени во руски воздушен напад врз јужниот украински град Запорожје, соопштија денеска локалните власти.

Според информациите на украинските медиуми, тоа, наводно, било првпат градот да биде цел на таканаречените глајд-бомби.

Во нападот во текот на ноќта биле оштетени 13 станбени згради, две градинки и неколку автомобили, потврди украинската полиција.

Градот се наоѓа на околу 60 километри од нуклеарната централа Запорожжја, која е окупирана од руската војска.

Руски борбени авиони фрлаат глајд-бомби во близина на линиите на фронтот. Муницијата потоа се наведува до нивните цели на растојание од десетици километри.

Овие бомби, со неколку стотици килограми експлозив, предизвикаа значителна штета во источниот украински град Харков и други локации.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зошто кардио тренингот не е најдобриот метод за слабеење?

Следно

Поднесено обвинение за убиството на малата Данка од Бор

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop