Руската и американската делегација одржаа состанок во Истанбул за нормализација на односите

February 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Делегациите на Русија и Соединетите Американски Држави (САД) денес одржаа шест и полчасовна средба во резиденцијата на Генералниот конзулат на САД во Истанбул на која разговараа за работата на нивните амбасади како дел од нормализацијата на односите меѓу двете земји, соопштија извори, јавува Анадолу.

Состанокот започна во 9:50 часот по локално време, а заврши во 16:20 часот.

По седницата руската делегација ја напушти резиденцијата и не даде изјава.

Првата средба меѓу делегациите на двете земји се одржа на 18 февруари во Ријад, Саудиска Арабија, и на неа се разговараше за билатералните односи и напорите за ставање крај на над тригодишната војна во Украина.

Во меѓувреме, во тек се подготовките и за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Туркије ја потврди својата подготвеност целосно да ги поддржи мировните напори, меѓу останатото и да биде домаќин на преговорите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Алфа“: Полицијата го уапси Соколот и Ѕверот од СДСМ

Следно

ФФМ ги осуди нападите од Силекс, но ја потврди грешката на судиите

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во
Go toTop