Русија тврди дека пресретнала и уништила 47 украински дронови

March 9, 2024
1 min read

Руската армија соопшти дека синоќа уништиле 47 украински беспилотни летала, од кои најголем број во областа Ростов, на границата со Украина.

Системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле едно беспилотно летало на територијата на регионот Белгород, два во Курската област, три во Волгоградската област и 41 во Ростовската област.

Ростов често е цел на напади со беспилотни летала од почетокот на руската инвазија врз Украина на крајот на февруари 2022 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе бидат потребни два месеци за изградба на пристаништето за хуманитарна помош во Газа, велат од американското министерство за одбрана

Следно

Хоспитализирани пет деца, нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop