Русија: Соборени 34 украински беспилотни летала кои летаа кон Москва

November 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 34 украински беспилотни летала кои летале кон главниот град на Русија, Москва, рано утрово биле соборени, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.

Министерството тврди дека противвоздушната одбрана на земјата соборила 70 украински беспилотни летала во периодот од 7 до 10 часот по локално време во шест различни региони, од кои 34 биле пресретнати над главниот град.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во изјава на Телеграм истакна дека 32 беспилотни летала кои летале кон главниот град на Русија биле соборени над подрачјето на Домодедовски, Раменски и Коломенски во Московската Област.

Нема причинета штета, ниту жртви на местото на падот на остатоците од дроновите, рече Собјанин, додавајќи дека службите за итни случаи работат на терен.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) ги укина привремените ограничувања воведени претходно на московските аеродроми Домодедово, Шереметјево и Жуковски.

Украинските власти досега не се огласија за тврдењата на руските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

МЕПСО ги прекинува сите видови донации и спонзорства

Следно

Ливерпул купува фудбалер од Реал Мадрид

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop