Русија: САД се подготвуваат за нова пандемија, трагаат по вирусни мутации

August 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) започнале со подготовки за „нова пандемија“ трагајќи по мутации на вируси преку новоформираната Канцеларија за подготвеност и одговор на пандемии (OPPR), јавува Анадолу.

„И покрај фактот дека наведените цели на американската програма се да се следи инциденцијата на болестите и да се обезбеди помош за земјите во развој… гледаме дека Пентагон спроведува неконтролирано истражување со двојна намена за заобиколување на меѓународните обврски“, изјави на брифингот во Москва Игор Кирилов, шеф за радијациска, биолошка и хемиска заштита на руските вооружени сили.

Нагласувајќи дека американските воени проекти првенствено се насочени кон проучување на „потенцијалните агенси на биолошкото оружје“, Кирилов тврди дека американската воено-биолошка активност претставува „безбедносна закана за многу земји во светот“.

„Постои јасен тренд: патогените што влегуваат во областа на интерес на Пентагон, како што се Ковид-19, птичји грип, африканска свинска чума, последователно стануваат пандемија, а американските фармацевтски компании извлекуваат корист од тоа“, рече Кирилов.

Тој истакна дека „како и во 2019 година, САД почнаа да се подготвуваат за нова пандемија со трагање по вирусни мутации. Не ја исклучуваме можноста САД да ги користат таканаречените одбранбени технологии за офанзивни цели, како и за глобално владеење со создавање кризни ситуации од биолошка природа“.

Кирилов тврди дека канцеларијата е „директно вклучена“ во собирањето опасни патогени во различни региони во светот и тестирањето на нерегистрирани лекови врз основа на документи во текот на војната во Украина.

Канцеларијата за подготвеност и одговор на пандемии (OPPR) беше отворена на 21 јули за подготовка и одговор на евентуални пандемии и ја предводи Пол Фридрихс, воен хирург и пензиониран генерал-мајор на Воздухопловните сили, кој помогна во работата на Пентагон во текот на пандемијата на Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ВЛЕЗЕ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОСКАРИ

Следно

Англија противник на Шпанија во финалето на Светското првенство за фудбалерки

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop