Русија произведува 700% повеќе муниција од Западот

September 19, 2023
1 min read

Руското воено производство драматично се намалува во првите шест месеци од почетокот на војната, за до крајот на 2022 тоа да воскресне на нивоа над предвоениот период. Во овој период руските тајни служби и министерството за одбрана успеваат да организираат мрежи на луѓе и компании кои шверцуваат клучни компоненти (процесори, чипови, матични плочи…) во Русија кои инаку не би смееле да припарат во земјата. Шверцот главно се врши преку компании во некоја од државите блиски на Москва, и политички и географски.

Њујорк тајмс цитира западни функционери од одбраната според кои Русија пред војната произведува 100 тенкови годишно, а денес бројката е 200 тенкови. Слично е и со производството на артилериски гранати, кое од 1 милион пред војната, сега е пораснато на 2 милиона годишно.

Притоа еден од поголемите успеси на Русија е и што, преку кратење на безбедноста и квалитетот, гранатите што ги произведува ја чинат 10 пати поевтино отколку што го чинат Западот. Конкретно една 155-милиметарска граната го чини Западот од 5 до 6 илјади долари, додека Русија една 152-милиметарска граната ја чини околу 600 долари за да ја произведе.

Според високиот естонски функционер од министерството за одбрана, Кусти Салм, сегашното руско производство на муниција е седум пати поголемо од производството на Западот.

Проблемот со санкциите на клучните високо-технолошки компоненти кои Русија мора да ги увезе е што се работи за мали производи како чипови, од кои повеќе од стотина би можело да ги собере во обичен ранец и не бараат некој специјален начин на транспорт.

„Бидејќи санкциите имаа вистинско влијание, руската влада не крена раце и да се предаде. Тие станаа се повеќе и повеќе креативни со начините за шверц,“ објаснуваат од американскиот Департман за трговија.

Моментално САД и ЕУ имаат заедничка листа на 38 различни категории на производи чиј извоз во Русија е забранет.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

Следно

Турција ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија

Latest from Blog

Раичевиќ: Секој што ќе дојде како Државен јавен обвинител има должност да го отвори предметот за „Пулс“

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“. Таа истакна

Имотот на Трамп на Флорида, на удар на одмаздата на Иран- откри ирански пратеник

Ирански пратеник предупреди дека Иран би можел да го прошири својот одговор на војната надвор од Блискиот Исток и дека дури и „личната палата“ на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да

Милошоски: Ниту една земја не би го примила Груби, тој е на црната листа на САД

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните

Милошоски: Ниту една земја не би го примила Груби, тој е на црната листа на САД

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните
Go toTop