Русија предупреди дека испорачувањето нуклеарно оружје на Украина ќе доведе до глобален колапс

June 8, 2023
2 mins read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Западот ја снабди Украина со нуклеарно оружје, тоа ќе доведе до крај на постоењето на човештвото на планетата, јавува Анадолу.

Запрашана на прес-конференцијата во Москва како Русија гледа на можната испорака на нуклеарно оружје за Украина, Захарова рече: „Зошто да коментираме за нивното можно лудило или можната контрола на лудилото? Ова не е наша тема.“

Таа посочи дека во последните месеци украинските власти презеле чекори што им штетат на интересите на нивната земја и население.

„Доколку сакаат глобален, неотповиклив колапс, тогаш ќе го направат тоа (испорачаат нуклеарно оружје во Украина). Можете да видите што се случува. Режимот во Киев е подготвен да ја уништи сопствената земја. Тие се подготвени да ја заразат со осиромашен ураниум, да ја поплават со вода, отрујат со амонијак“, рече таа.

Захарова истакна дека украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговиот тим се претвораат во „меѓународна терористичка организација“.

„Ова е вистинска терористичка ќелија, и тоа меѓународна, затоа што има странски инструктори, странски платеници, тие се поврзани со црниот пазар на оружје, нелегалната трговија со пари, луѓе, нелегалната продажба на делови од тела – целиот сет што го карактеризира меѓународниот тероризам“, рече таа.

Москва со месеци изразува загриженост поради промената на видовите оружје што ѝ се доставуваат на Украина, што започна со мало оружје, а сега вклучува испораки на борбени авиони.

Руските власти, исто така, тврдат дека оружјето доставено за заштита на територијата на Украина се користи за рации на руска територија.

„Ако некој на Запад сака да исклучи сè на оваа планета – и светлината и, во принцип, постоењето – тогаш веројатно ќе почне да му доставува нуклеарно оружје на режимот во Киев. Но тогаш тоа е крајот. На сè. Само треба веднаш да се препознае“, нагласи таа.

Осврнувајќи се на критиките за обновувањето на директните летови меѓу Русија и Грузија, Захарова рече дека одлуката е донесена „за да се обезбедат контакти меѓу грузискиот и рускиот народ“ што „објективно ги задоволува интересите на обичните луѓе“.

„Летовите меѓу Русија и Грузија не прекршуваат режими на санкции и покрај нивната (санкции) незаконитост. Ова ги збунува претставниците на САД и ЕУ, кои не запираат во обидите да ја диктираат својата волја, да им наметнат двојни стандарди на државите и да ја поткопаат ситуацијата во регионот“, рече таа.

Запрашана за решавањето на Карабах, таа рече дека Русија ја гледа како приоритет „конвергенцијата на пристапите на Азербејџан и Ерменија (и) развојот на одржливи, балансирани решенија“.

„Што се однесува до дејствата на САД и ЕУ, се поставува прашањето што ја предизвика нивната ненадејна зголемена активност на полето на ерменско-азербејџанската нормализација. Претходно никој не обрнуваше големо внимание на транскавкаскиот проблем“, истакна таа.

Коментирајќи ја можноста за посета на новиот турски министер за надворешни работи Хакан Фидан на Русија, Захарова рече: „Ги следиме изјавите на турската страна.“

Таа, исто така, рече дека во градењето на односите со Анкара, Москвa ги поддржува изјавите на претседателот Реџеп Таип Ердоган за намерите за развивање повеќеслојни односи со Русија, што ги задоволува интересите на двата народа.

„Секако дека го поздравуваме таквиот конструктивен став и од наша страна ќе придонесеме за спроведување на таков билатерален тек и ќе ги следиме резултатите што ќе треба да се појават“, истакна таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Зајакнувањето на контактите неопходно за членството на Туркије во ЕУ

Следно

(ФОТО) Пратеничка стана првата жена во Италија која доеше бебе за време на гласање на седница

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

Европското јавно обвинителство откри голема криминална група која  која преку измама со ДДВ предизвикала штета во висина од 2,9 милијарди евра. Истрагата, која почнала во ноември 2022 година, утврдила дека осомничените користеле

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Нов туш од Брисел – нема уставни зимени со одложено дејство. ЕУ работи на креативно решените за деблокада на ЕУ интеграциите на Македонија, но тоа решение мора да биде дел од преговарачката рамка

Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.
Go toTop