Русија отвори кривична постапка против судиите од Меѓународниот кривичен суд во Хаг

March 20, 2023
1 min read

Во соопштението на Истражниот комитет, кој го пренесе РИА новости, се наведува дека се отворени кривични постапки против еден обвинител и тројца судии од Судот во Хаг

Потегот на Русија следува откако Меѓународниот кривичен суд во петокот соопшти дека издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за сторени воени злосторства

Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, откако во петокот Судот соопшти дека издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за сторени воени злосторства.

Photo: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во соопштението на Истражниот комитет, кој го пренесе РИА новости, се наведува дека се отворени кривични постапки против еден обвинител и тројца судии од Судот во Хаг.

Во петокот, на 17 март, Меѓународниот кривичен суд соопшти дека издал налог за апсење на рускиот претеседател, притоа наведувајќи дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Освен за Путин, Судот со седиште во Хаг издаде налог за апсење и на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

По веста од Хаг, официјална Москва изјави дека одлуките од Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен зашто земјата не е членка на Римскиот статут на МКС и нема никаква обврска кон него.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Крадец ограбил скопјанка додека се качувала во автобус

Следно

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop