Русија одлучи да протера девет фински дипломати

July 6, 2023
1 min read

Русија ваквата одлука ја донела поради „конфронтирачката и антируската политика“ на финските власти, која како што тврди Москва има за цел да ги уништи деценсиките заемно корисни руско-фински билатерални односи

Од 1 октомври, финскиот конзулат во рускиот град Санкт Петербург ќе биде затворен за работа. Оваа одлука на властите во Кремљ следува откако Финска пред еден месец протера девет руски дипломати од Хелсинки поради сомнеж дека овие лица работеле за руските тајни служби.

Во соопштението на руското МНР се вели дека договорот под кој финскиот конзулат работел во Санкт Петербург ќе биде откажан на 1 октомври, а за овие мерки навремено бил известен и финскиот амбасадор Анти Хелантера. Нему му бил упатен „остар протест“ поради „конфронтирачката и антируската политика“ на финските власти, која, како што тврди руската дипломатија, има за цел „да ги уништи децениските заемно корисни руско-фински односи“.

Односите меѓу двете соседни земји значително се влошија по руската инвазија врз Украина. Поради таа агресија Финска ја напушти својата долгогодишна политика на воена неутралност и во април официјално стана членка на НАТО. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Започна фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона

Следно

Објавен тестаментот на Берлускони, еве што им оставил на децата и девојката

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop