Русија набави делови од Запад во вредност од 2,9 милијарди долари и покрај санкциите

January 17, 2024
1 min read

Западни компании и дале на Русија во првите 10 месеци од 2023 година делови што можат да се користат за воено производство во вредност од 2,9 милијарди американски долари и покрај санкциите, објави денеска кабинетот на украинскиот претседател.

Киев врши притисок врз своите сојузници да ги заострат санкциите кон Русија и да спречат заобиколување, предупредувајќи дека Москва продолжува да увезува воена стока за војната во Украина.

Рускиот увоз на воена стока во 2023 година изнесуваше 90 отсто од нивото пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, соопшти кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тие се повикуваат на истражувањето на работната група предводена од шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, заедно со поранешниот американски амбасадор во Москва, Мајкл Мекфол. Истражувањето се фокусираше на обидите на Русија да ги заобиколи санкциите за воената стока.

„Производи од повеќе од 250 западни компании се пронајдени во примероци на уништено или конфискувано руско оружје“, соопшти кабинетот.

Економскиот факултет во Киев, што учествуваше во истражувањето, објави дека речиси 2.800 странски делови се пронајдени во руската воена опрема, вклучително и во хиперсоничните ракети Кинжал.

„Всушност, 95 отсто од сите делови пронајдени во руското оружје на бојното поле потекнуваат од производители во коалициските земји, а 72 отсто само од компании со седиште во САД“, се наведува во истражувањето. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даштевски: Двојните избори ќе чинат 12 милиони евра

Следно

Видео: Вучиќ во Швајцарија направи „Снешко Белиќ“ за синот Вукан

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop