Русија ја обвинува Украина дека дозволила пренесување на православните свети реликвии во Европа

June 26, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) денес објави дека Украина го овластила УНЕСКО да ги премести светите реликвии на православното христијанство од манастирот Киевско-Печерска лавра во Европа, јавува Анадолу.

Директорот на СВР, Сергеј Наришкин, најави дека артефактите ќе бидат пренесени во музеите во Италија, Франција, Германија и Ватикан.

Според зборовите на Наришкин, „глобалистичките елити, познати по нивната страст за присвојување на туѓите вредности, ги интензивираат своите напори за ограбување на Украина“.

Тој додаде дека „порано станувало збор за финансиски и материјални ресурси, како жито и плодна почва, а сега станува збор за православни реликвии на украинска територија“.

Украинските власти, тврди шефот на СВР, направиле попис на црковниот имот и одвоиле финансиски средства за транспорт до Европа.

„Не постои сомнение дека враќањето на реликвиите не е дел од плановите на Западот. Нападите на Киевско-печерската лавра се логично продолжение на приказната за тајниот извоз од украинска територија на најстарите византиски икони што се изложени во францускиот Лувр од 14 јуни 2023 година“, се вели во соопштението.

Шефот на разузнавачката служба тврди дека иконите се отстранети од Украина со посредство на швајцарската невладина организација Меѓународна алијанса за заштита на културното наследство во конфликтните зони, која работи во соработка со УНЕСКО.

„Западните ограбувачи на гробови забораваат дека за нив украдените реликвии се само скапи ‘артефакти’, додека за рускиот свет тоа е бесценетa светина“, рече тој, ветувајќи дека Москва ќе направи сѐ за да ги врати.

Киевско-печерската лавра, позната и како Киевско-печерски манастир, била важен центар на православното христијанство од неговото основање во 1051 година.

Во 2018 година тогашниот претседател Петро Порошенко ја основаше Православна црква на Украина наспроти Украинската православна црква, која беше дел од серуската конгрегација.

По поделбата следуваше поделба на имотот и новата црква обезбеди голем имот, од кои една од последните беше Киевско-печерската лавра со сите реликвии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во 360°: Вака изгледа Сеизмолошката опсерваторија во градот срамнет од земјотрес пред шеесет години

Следно

Кулибали потпиша за саудиски Ал Хилал

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop