Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за обиди за прекугранични напади

March 19, 2025
1 min read

Русија и Украина вчера се обвинија меѓусебно за обиди за прекугранични напади, при што секоја страна рече дека нејзините сили одбиле обиди за инвазија.

Двете страни рекоа дека нивните сили имале целосна контрола на територијата од нивната страна од границата и им нанеле загуби на непријателските трупи.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесено од руските новински агенции, се вели дека руските сили спречиле пет обиди на Украина да ја преминат границата и да влезат во југозападниот регион Белгород.

-Единиците на северната група за чување на државната граница ги одбија сите напади со артилериски оган и употреба на дронови, се вели во руското соопштение.

Се додава дека нападите имале за цел да ги нарушат преговорите меѓу Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се постигне решение за тригодишната војна.

Украинската војска, во соопштението на Телеграм, рече дека нејзините сили „успешно ги спречиле сите обиди на окупаторите да се зацврстат во регионот Суми. Непријателот претрпел значителни загуби во персоналот“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и студено

Следно

Истрагата за трагедијата во Кочани проширена на повеќе лица

Latest from Blog

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност
Go toTop