Русија: Го ослободивме Соледар

January 13, 2023
1 min read

Само во последните три дена во Соледар се ликвидирани над 700 украински војници и над 300 единици украинско оружје, додаваат од руското Министерство за одбрана

Руските сили ја презедоа контролата врз Соледар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека Соледар е важен за продолжување на успешните офанзивни операции во насоката Донецк, пренесува Интерфакс.

Русите неодамна објавија дека го зазеле, но Украинците тврдеа дека нивните војници сè уште се во Соледар.

„За време на ослободувањето на Соледар, руските воздухопловни сили уништија три авиони и еден хеликоптер кои ѝ даваа огнена поддршка на украинската армија, додека руската воздушна одбрана во областа на градот собори девет проектили истрелани во правец на окупираните упоришта“,

соопшти Министерството за одбрана на Русија.

За време на ослободувањето на Соледар, единиците на руските воздухопловни сили извршија таен маневар напаѓајќи ги позициите на украинските трупи. Градот беше блокиран од север и југ. Само во последните три дена во Соледар се ликвидирани над 700 украински војници и над 300 единици украинско оружје, додаваат од Министерството.

Според извештаите, ослободувањето на Соледар овозможува да се пресечат патиштата за снабдување на украинските трупи до Артјомовск и да се опколат преостанатите единици.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Укината железничката линија Скопје-Табановце

Следно

Мицкоски: Ова е прва година кога министерството за култура обезбеди дури нула денари за одржување на Вевчанскиот карневал

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop