Рубио и се заблагодари на Турција за подготвеноста да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

May 13, 2025
1 min read

Државниот секретар на САД, Марко Рубио синоќа телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и ѝ се заблагодари на Турција за подготвеноста да биде домаќин на претстојните директни преговори меѓу Русија и Украина, што ќе се одржат в четврток, соопшти американскиот Стејт департмент.

Во соопштението од департментот се наведува дека Рубио ја поздравил можноста за прекин на огнот меѓу Русија и Украина. Се очекува разговорите меѓу двете земји да се одржат во Истанбул овој четврток, а украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Турција.

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи да се приклучи во преговорите.

Рубио и Фидан синоќа разговараа и за претстојниот неформален министерски состанок на НАТО во Анталија и важноста од зајакнување на трговските и одбранбените врски меѓу САД и Турција. Рубио вчера разговараше за „патот напред кон прекин на огнот“ во Украина и со европските партнери. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возачот Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Следно

35 години од „Максимир“ кој го означи стартот на војната во Југославија

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop