Рубиалес не сака да поднесе оставка по скандалот на Светското првенство за фудбалерки

1 min read

Луис Рубиалес не сака да поднесе оставка од функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација по скандалозниот бакнеж што ѝго даде на Џенифер Хермосо по освојувањето на Светското првенство за жени во фудбал, но наскоро би можел да остане без луѓе со кои би управувал.

Откако вчера првите луѓе на некои регионални шпански федерации поднесоа оставки на своите функции, тоа денеска го направија и тренерите во националните селекции.

Вкупно 11 машки и женски тренери поднесоа оставки, а сето тоа поради, како што истакнаа, неприфатливото однесување и изјавите на Рубиалес во последните денови.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Пожарот над Ајватовци делумно под контрола

Следно

Тројца црнци загинаа во „расистички“ вооружен напад во САД

Latest from Blog