РСБСП: Загинати 114 лица во 106 сообраќајки во периодот јануари-ноември годинава

December 27, 2023
1 min read

реклама


Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со  медиумите.

Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица.

реклама

-Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска.

Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место.

реклама

-Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска.

Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски МИТ ја неутрализира одговорната за терористичката организација ПКК во северен Ирак

Следно

Израелски војник избоде повреден Палестинец во амбулантно возило на Западниот Брег

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop