Романскиот премиер се повлече од функцијата како дел од коалицискиот договор

June 13, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Премиерот на Романија, Николае Чука, објави дека се повлекува од функцијата како дел од договорот на владејачката коалиција за ротирачко премиерско место, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Чука, кој е и лидер на Национално-либералната партија (ПНЛ), се очекува да биде заменет од лидерот на Социјалдемократската партија (ПСД), Марсел Чолаку, рече романскиот јавен радиодифузер ТВР.

Чука денес се очекува да ја преземе функцијата претседател на романскиот Сенат, се вели во веста.

Според соопштеното, министерката за правда Каталин Предоиу ќе ја извршува функцијата привремен премиер додека новата влада не положи заклетва.

Продолжуваат преговорите зад затворени врати за поделба на министерствата меѓу ПНЛ и ПСД.

Во меѓувреме, многу е веројатно дека помалиот партнер на коалициската влада, Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (RMDSZ) нема да биде дел од новата влада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Бундестагот в четврток носи резолуција – македонскиот народ и јазик се добредојдени во ЕУ

Следно

Мбапе доби „шлаканица“ од Перез

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop