Романија планира да купи американски борбени авиони Ф-35

April 11, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Романија планира да купи американски борбени авиони Ф-35 за да ги зајакне своите капацитети за воздушна одбрана, соопшти романскиот Врховен совет за одбрана, пренесува Анадолу.

„Процесот на модернизација на Романските воздухопловни сили ќе продолжи со купувањето на авиони Ф-35 од најновата генерација“, се вели во соопштението на Советот.

„Поседувањето робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефикасни оперативни способности за воздушна одбрана … како дел од нашите обврски како членка на НАТО и ЕУ, е од суштинско значење за Романија за исполнување на целите на одбранбената политика“, се додава во соопштението.

Се нагласува дека земјата треба да продолжи со напорите за обезбедување на неопходната поддршка за другите ранливи партнери во регионот.

„Првенствено се работи за Република Молдавија, која, по Украина, е најизложена на руската агресија и притисок“, се истакнува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се зголемуваат замрзнатите цени на доматите, краставиците, пиперките и кромидот, Владата донесе нова одлука

Следно

Паркот Македонија доби нови реквизити

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop