Рома заинтересирана за Киеза

April 22, 2024
1 min read

Фудбалскиот клуб Рома и нејзиниот тренер Даниеле Де Роси се заинтересирани да го доведат напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, пренесуваат италијанските медиуми.

Весникот „Тутоспорт“ потсетува дека Де Роси соработуваше со Киеза во италијанската репрезентација каде му беше помошник на селекторот Роберто Манчини на ЕП 2021 година.

Киеза на завршниот турнир постигна два гола на седум натпревари, а Италија го освои Европското првенство.

Де Роси го продолжи договорот со Рома и ќе остане во клубот до крајот на сезоната 2024/2025. Од друга страна, Киеза има договор со Јувентус до јуни 2025 година, а раководството на клубот од Торино ќе разговара со неговиот менаџер за продолжување на соработката.

За Киеза е заинтересиран и премиерлигашот Њукасл.

Киеза постигна осум гола и имаше две асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест на приватните специјализанти пред Министерството за здравство

Следно

ЈАДЕВ ЛЕБ И ЈОГУРТ, А АКО САКАВ БЛАГО ДОДАВАВ ШЕЌЕР: Потресна исповед на Лепа Брена за најтешкиот период во животот

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop