Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

March 17, 2025
1 min read

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Северна Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени.

-Сакам да го изразам моето сочувство до сите луѓе на оваа прекрасна нација што тагува во овој момент. Ние ја извршуваме нашата должност за помош како ваши партнери и тука сме од првиот миг. Го активиравме Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и задоволен сум што гледам дека многу земји-членки веднаш понудија помош и ќе продолжиме да го правиме тоа, рече Рокас, откако се потпиша во Книгата на жалост што беше денеска отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Евроамбасадорот додаде дека тука се работи за солидарност и треба да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови.

Шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џаин истакна дека е важно да се биде тука денеска и да се покаже поддршка за Северна Македонија во овие претешки времиња.

Амбасадорката на Шведска исто така се потпиша во книгата на жалост во македонското МНР.

-Нашите срца се скршени за многуте млади животи коишто беа изгубени, како и за повредените. Северна Македонија упати барање за помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и тој беше активиран вчера и веќе работиме во ЕУ да пронајдеме начини за поддршка. Шведските власти веќе се дел од оваа помош и изнаоѓаме начини за да го пружиме најдобриот начин на поддршка во овие времиња. Ова е израз да се покаже пријателството меѓу Северна Македонија и Шведска, како и другите европски земји, рече Ларсон Џаин.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младите од Битола со свеќи и цвеќе: „Последна почит за ангелите од Кочани”

Следно

ФОТО Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop