Рокас: Напредокот во енергетиката ја приближува Македонија до ЕУ

June 1, 2026
1 min read

Скопје, 1 јуни 2026 – Усвојувањето на стратешките документи во енергетиката и напредокот во процесот на правична транзиција претставуваат значаен чекор за Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас на отворањето на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.

Рокас упати честитки до земјата за постигнатиот напредок во енергетскиот сектор, нагласувајќи дека Европската Унија е силно фокусирана на спроведувањето на енергетските планови и исполнувањето на поставените цели.

„Сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојувањето на стратегијата и плановите за енергетика, како и за напредокот што го постигна во областа на правичната транзиција. Овие напори се особено важни бидејќи многу од реформите веќе стануваат применливи преку рамката на Енергетската заедница и ќе имаат значајно влијание врз процесот на пристапување кон Европската Унија“, истакна Рокас.

Тој нагласи дека меѓу приоритетите остануваат усвојувањето на законодавството за обновливи извори на енергија и зајакнувањето на механизмите за заштита на ранливите категории граѓани.

Осврнувајќи се на актуелните предизвици, Рокас потенцираше дека енергетската безбедност и климатската транзиција се неразделно поврзани прашања.

„Нема сомнеж дека на енергетските предизвици со кои се соочуваат регионот и Европа мора да одговориме одлучно. Климатската транзиција и енергетиката се тесно поврзани, особено имајќи ги предвид ограничените енергетски ресурси со кои располага Европа“, рече тој.

Според евроамбасадорот, геополитичките и стратешките промени во Европа дополнително ја нагласуваат потребата од поблиска соработка меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

Тој посочи дека ЕУ ги интензивира напорите за намалување на зависноста од одредени фосилни горива, а инвестициите во прекугранична инфраструктура и регионално поврзување ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и стабилност.

Регионалниот форум МЕФ 2026 се одржува под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а е организиран во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот се смета за една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предраг Мијатовиќ си поднесе оставка на функцијата во ФК Партизан

Следно

Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Latest from Blog

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди
Go toTop