Родителски протест пред Владата, се бара заедничко родителство по разводот

March 30, 2024
1 min read

Зедничко родителство по разводот на двајцата сопружници се побара на денешниот протест пред Владата организиран од здружението „Наши“. Тие потенцираат дека децата во Македонија се жртва на систем кој не води гружа за семејни вредности, бидејќи по развод, дури и ако се договорат родителите за заедничко старателство, нашиот закон тоа не го предвидува. Па така, постои поделба на родителите – на старател, кој има целосни родителски права и родител во отсуство, кој практично нема право врз развојот на детето. Граѓанските организации на протестот порачаа дека македонскиот закон што ја регулира оваа проблематика е од 70-тите, најстар во регионот и крајно дискриминаторски.

-Ние сакаме да го спречиме овој тренд, детето да не го губи сопствениот родител без потреба. Ако има добра причина едниот родител да не го гледа детето, тоа да го прави судот, а не центарот за социјални работи како што е сега. Јас можам да дадам изјава против жената и центарот постапува само по таа изјава, рече претседателот на здружението „Наши“, Сашо Панговски.

Оттаму велат дека вака поставениот закон, за жал, овозможува поради лажни изјави да се одзема старателство. Изјави се даваат во социјално, каде нема одговорност за кажаното, наместо во суд,

-Децата се одземени од едниот родител, додека еден од нив не ги добие согласно решение издадено од центарот за социјално, само тој родител има право на тоа дете и решението кое што го издава, ги доверува децата само на еден родител, а не на двајцата, истакна родителката Ивана Коцева.

Тие се залагаат да се унапреди македонското законодавство при што заедничкото родителство ќе биде прва опција за родителите. Од таа опција треба да се отстапува само ако има цврсти докази зошто едниот или двајцата не се подобни за такво, за заедничко родителство.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96 илјади фалсификувани долари

Следно

Мицкоски: ДУИ прво ќе оди во опозиција, а потоа…

Latest from Blog

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Министерство за финансии: Собранието усвои ново законско решение за игри на среќа – засилена контрола и повисоки стандарди за приредувачите

 јуни 2026, Скопје –  Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.  

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop