Поранешната шампионка на Вимблдон, Елена Рибакина од Казахстан, објави денеска дека ќе ги пропушти турнирите во Пекинг и Вухан поради проблеми со грбот, но дека има намера да се врати на теренот пред финалето на ВТА сезоната во Ријад во ноември.
Четврторангираната светска тенисерка годинава освои титули на турнирите во Бризбејн, Абу Даби и Штутгарт, но потоа пропушти неколку турнири поради болест и повреди.
– Поради повреда на грбот, за жал, морам да се повлечам од претстојните азиски турнири. Јас и мојот лекарски тим одлучивме дека е најдобро моето здравје да биде приоритет во овој момент“, објави 25-годишната Рибакина.
Извор: kurir.mk