Рибакина ја прекина соработката со Иванишевиќ по елиминацијата од Австралија Опен

January 21, 2025
1 min read

Хрватскиот селектор Горан Иванишевиќ објави крај на соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина.

Педесет и тригодишниот тениски стручњак му се приклучи на тимот на Рибакина во декември.

-По пробниот период кој заврши со Австралија опен, на Елена и на нејзиниот тим им посакувам многу среќа во иднина, напиша Иванишевиќ на социјалните мрежи.

Рибакина не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен во 2025 година. Таа во четвртото коло загуби од Американката Медисон Кис (3:6, 6:1, 3:6).

Во моментов 25-годишната тенисерка е на 7. место на ВТА ранг-листата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестински уметник создава уметност на урнатините од уништените домови

Следно

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на САД, алијансата вклучува „турбо погон“

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop