Режисерот Андреј Цветановски ги повика државниците кои ќе учестуваат на Самитот на ОБСЕ на премиера на „Пикник на фронтот“ во Драмски театар

November 24, 2023
1 min read

„Пикник на фронтот“ е претстава е за луѓе, поточно едни „лушпи“ од луѓе кои ја преживуваат војната и секој ден низ своите игри се обидуваат да избегаат од неа, но се подлабоко и подлабоко влегуваат во неа, вели режисерот на претставата Андреј Цветановски пред премиерата во Драмски театар која е закажана за во вторник, 28 ноември (20 часот).

Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ и Соња Стамболџиоска.

Автор е Фернандо Арабал, а сценографијата е на Сергеј Светозарев. Костимограф е Раде Василев, а избор на музиката е на Димитар Андоновски.

фото: Драмски театар

Бидејќи нашата држава ја има честа да биде домаќин на Самитот на ОБСЕ на 29 ноември, државниците од нашиот „цивилизиран“ свет имаат шанса да присуствуваат на премиера на претставата. Би сакал да ги поканам и со тоа можеби ќе има „лушпа“ од човек помалку на нашата планета Земја, рече Цветановски на денешната прес-конфренција.

Актерката Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, која го игра ликот на госпоѓа Тепан, мајка на момче кое е во војна, се надева дека после претставата она што ќе прозвучи надвор од оваа сцена, ќе биде пораката за мир и благостојба.

Мислам дека одамна на проби не сме се смееле толку, а во исто време и не сме плачеле. Доколку тоа го доживее и публиката, ние ќе бидеме многу среќни и ќе имаме производ кој ќе се игра многу долго време, изјави Драгиќевиќ – Пројковска.

Актерот Дамјан Цветановски објасни дека неговиот лик и ликот на Стефан Вујисиќ се всушност војници кои се во војна но немаат мотив за истата. Како што кажа, двајцата се довлечкани со сила да се борат, а имаат детска наивност која проникнува низ најсериозните моменти.

Филип Трајковиќ потенцираше оти конечно игра улога на лик кој многу го поистоветува со она што се случува денес во светот.

Тој наоѓа начин да биде среќен во тешки и страшни моменти. Всушност, тоа е нешто што поголемиот дел од нас го живеат затоа што секој ден е борба за опстанок на некаков начин. Ако не почнеме да се смееме и радуваме па дури и во тешките моменти кои се случуваат во нас, немаме начин како да продолжиме понатаму, изјави Трајковиќ.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

Следно

Како Холивуд го финансираше фарбањето галерии и блокирањето сообраќај

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop