Ревизорски извештај за студентски стандард: На мени компир, грав и ориз

March 25, 2024
1 min read

Наместо овошје, зеленчук, риба, месо, разновидна храна за студентите во студентските домови, тие скоро секој ден добиваат исто добиваат компир, грав, ориз, млеко и јогурт.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека мерките за развој на студентскиот стандард кои се преземаат од надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економични за остварување одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана и за реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите на државните студентски домови.

– Објектите кои ги користат ДСД во најголем дел се стари и не ги задоволуваат потребите на современото живеење; имаат неизедначени услови, нотирано е и незадоволството на студентите од исхраната, сместувањето и функционирањето на домовите. Од страна на ангажираниот независен експерт извршена е анализа на соодветноста на утврдената цена за сместување која е основен извор на приходи на ДСД и е утврдено дека таа не е променета од 2008 година и изнесува 6.820 денари месечно за 10 месеци во годината од која МОН партиципира 50 отсто од цената, а остатокот го плаќаат студентите. Истата не обезбедува задоволително ниво на финансиска одржливост на домовите што упатува на потреба од реално определување на економската цена за сместување и исхрана. велат од Државниот завод за ревизија.

За изградениот студентски дом во Тетово, со капацитет од 300 легла, нотирано е дека се уште не е изготвен записник за технички прием и не е целосно завршена постапката за пуштање на овој објект во употреба согласно законските прописи.

Според ДЗР не е изработен ниту посебен стратегиски документ за студентскиот стандард за подобрување на условите за живот и студирање во земјава. Студентите не отстапуваат, бараат зголемување на учеството на пратиципација во делот на обезбедување средства за студентските домови од страна на МОН. Наместо досегашните 50% што ги плаќа министерството, 50% студентите. Министерството да го зголеми процентот на учество.

Тие веруваат дека можат основните услови за студирање да се подобрат, но моментална состојба потврдуваат дека не е на завидно ниво.

За реконструкција на студентските домови, обезбеден е кредит и грант во вкупен износ од скоро 25 милиони евра, меѓутоа постои неизвесност за целосна реконструкција на домовите, која се уште не е започната. Од буџетот на Министерството за образование во 2022 се издвоени 22,6 милиони евра. Половина од нив или 11 милиони евра се за студентски оброк, 6,8 милиони евра за студентски стипендии и 3,7 милиони за сместување и исхрана.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паника во Русија, дојави за бомби

Следно

Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop