Ревизија го прочешла Фондот за здравство

July 31, 2025
1 min read

Фондот за здравствено осигурување повторно е предмет на сериозни забелешки од страна на Државниот завод за ревизија, кој констатира низа системски слабости, пропусти и непродуктивно трошење на јавни средства.

Според најновиот ревизорски извештај, во периодот што се анализира, се исплатени над 5 милиони евра за лекување на осигурени лица во странство – без воспоставена контрола, без мерливи резултати и без воспоставен систем за следење на ефектите од таквите здравствени услуги. 

Покрај тоа, Фондот се соочува со сериозни правни предизвици – моментално е тужена страна во 27 судски постапки во земјата, чија вкупна вредност надминува 317 милиони денари. Најголемиот дел од тужбите се поднесени од приватни здравствени установи, кои бараат исплата на средства за услуги над договорениот надоместок. Дополнително, 12 тужби се поднесени од германска болница за нецелосно платени фактури, во вкупен износ од над 25 милиони денари.

Државен завод за ревизија:

„По добиен наод и мислење од извршено вештачење и правно мислење од адвокатска канцеларија, доставени се повеќе информации до Владата и започната е комуникација со болницата. Во досегашниот период, девет тужбени барања од болницата се усвоени од германскиот суд, а за четири од нив Фондот има поднесено жалба“, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Особено загрижува состојбата со информатичката инфраструктура. Ревизорите укажуваат дека ИТ-системот на Фондот е застарен, небезбеден и нецелосно функционален. Недостигот од стратешка ИТ-документација, квалификуван кадар и соодветна заштита резултирале со сериозен инцидент – сајбер напад во февруари 2023 година, кој довел до привремено парализирање на дел од здравствениот систем.

Државен завод за ревизија:

„Од страна на Фондот не е навремено постапено по добиените препораки, што во февруари 2023 година резултира со сајбер напад, по кој ИТ-системот е вон употреба и е оневозможен пристап до дел од податоците, со што е нарушено работењето на Фондот, а со тоа се загрозени и функционирањето и стабилноста на целиот здравствен систем на државата.“

Дополнителни слабости се евидентирани и во процесот на препишување и издавање лекови што паѓаат на товар на Фондот. Имено, се користат повеќе софтверски решенија – ИТ-системот на Фондот, „Мој Термин“, системите на матичните лекари и аптеките – кои не се интегрирани, што создава ризик од технички и административни грешки.

Во периодот од 2021 до 2023 година, извршени се вонредни проверки кои откриле вкупно 65.609 спорни рецепти со вредност од околу 6 милиони денари. Се работи за дупликати, рецепти без број или со невалиден број – пропусти што укажуваат на сериозен системски проблем.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Ги поздравуваме чекорите преземени од Европа кон признавање на државата Палестина

Следно

На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop