Ердоган: Ги поздравуваме чекорите преземени од Европа кон признавање на државата Палестина

July 31, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес вети дека ќе работи на поголем притисок врз израелската влада во наредните денови за да се спречи хуманитарна катастрофа во Газа, јавува Анадолу.

За време на заедничкиот брифинг за медиумите со претседателот на Габон, Брајс Клотер Олигуи Нгуема, кој е во посета на Турција, Ердоган ги поздрави чекорите преземени од Европа кон признавање на државата Палестина како „многу значајни“.

„Никој не може да молчи пред лицето на злосторствата во Газа, каде што децата умираат од глад, а цивилите што бараат храна се намерно стрелани“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека секој што има трошка достоинство и сочувство е на работ да го изгуби трпението поради израелското угнетување во Газа.

„Нашиот приоритет е доставување хуманитарна помош во Газа. Обврзани сме да направиме сè што е потребно за да го запреме ова угнетување“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Почувствувајте ја магијата: Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

Следно

Ревизија го прочешла Фондот за здравство

Latest from Blog

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со
Go toTop