„Реципрочни“ американски царини: Шефицата на ЕК вели дека „трговските војни и казнените царини немаат смисла“

February 14, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес се спротивстави на „реципрочните“ американски царини кон Европската Унија (ЕУ), велејќи дека „трговските војни и казнените царини немаат смисла“, јавува Анадолу.

„Посилна Европа работи со Соединетите Американски Држави за да ги одврати заедничките закани што ги имаме како партнери, и затоа веруваме дека трговските војни и казнените царини немаат смисла“, рече Фон дер Лејен на третата Минхенска безбедноста конференција.

Фон дер Лајен ги нагласи штетните ефекти на царините, за кои рече дека „дејствуваат како данок“ и водат до инфлација.

„Најтешко погодени се неизбежно работниците, компаниите и средната класа со мали приходи од двете страни на Атлантикот“, објасни таа.

Посочи дека царините може да ги нарушат суштинските трансатлантски синџири на снабдување, што ќе им наштети на двете економии.

„Не веруваме дека ова е добар бизнис и сакаме да избегнеме глобална трка до дното“, рече Фон дер Лајен.

Но, таа јасно стави до знаење дека „неоправданите царини за Европската Унија нема да останат без одговор“.

Фон дер Лајен ја истакна и стратешката важност на стабилна Европа за безбедноста и на ЕУ и на САД.

„Неуспешна Украина ќе ја ослабне Европа, но ќе ги ослаби и Соединетите Американски Држави“, рече таа, додавајќи дека тоа „ќе ги интензивира предизвиците во Индо-пацификот и ќе ги загрози нашите заеднички интереси“.

„Авторитарците во светот внимателно набљудуваат дали има неказнивост доколку го нападнете вашиот сосед и ги прекршите меѓународните граници или дали постојат вистински одвраќачи“, предупреди Фон дер Лајен.

Таа најави и дека ќе предложи активирање на „клаузула за избегнување“ за одбранбените инвестиции.

Ова ќе им овозможи на земјите членки на ЕУ „суштински да ги зголемат издвојувањата за одбрана“ во светло на растечките безбедносни грижи, додаде таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕВТИМОВ, ВИТАНОВ, ПЕТКОВСКИ, МИЛОШЕВСКА-ПОПОВ И ХРВАТОТ ПЕНОВИЌ ЌЕ РЕЖИРААТ ГОДИНАВА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Следно

Прослава на виното и на љубовта: Што ќе славите денеска – Свети Трифун или Свети Валентин?

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop