Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

November 4, 2025
1 min read

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава ќе го достигне својот полн обем околу 14:00 часот.

Супермесечината се јавува затоа што Месечината не орбитира околу Земјата во совршено кружна орбита, туку во елипса, поради што понекогаш е поблиску, а понекогаш подалеку во текот на годината, објави „Гардијан“.

Во најблиската точка, Месечината е оддалечена околу 350.000 километри од Земјата, додека во најоддалечената точка е на далечина од околу 400.000 километри.

Утре, како и следниот ден, Месечината ќе изгледа осум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од просекот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Следно

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop