Реставрирана витрина со барски птици во Музејот во Струга

February 13, 2023
1 min read

Диорама со четири барски птици, дел од природонаучната збирка во струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ оштетена од влага, е целосно реставрирана и преуредена.

Васко Јолески, самостоен препаратор во Музејот, кој се грижи за музејската збирка, појасни дека целосно ја растурил изложбената витрина, ја исчистил влагата, а потоа соодветно ја истретирал.

Поради нагризување од влага на една од витрините со птици, целосно ја растурив диорамата и ја исчистив влагата. Променив дел од материјалите, мовта ја заменив со песок, кој не држи влага, истакна Јолески.

Според него, било интервенирано и со хемикалии, кои се дозволени со ЕУ-стандардите, а потоа птиците биле вратени внатре. На посетителите, нагласи, повторно им е доловено природното живеалиште на четирите барски птици.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Здравко Мамиќ му кажа „збогум“ на фудбалот!

Следно

Ако сте во Австралија или Нов Зеланд не паничете кога ќе почне нуклеарната апокалипса

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop