Републиканците во САД го освоија и Конгресот

November 14, 2024
1 min read

Убедлива победа на републиканците на изборите во САД. Освоено мнозинство во  претставничкиот дом и целосна контрола на конгресот.

Една недела по изборната победа на доналд трамп која му овозможи уште еден мандат во Белата куќа, неговите сопартијци остварија уште две важни победи кои треба да му дадат на новиот американски претседател, целосна контрола врз двата дома на американскиот Конгрес и одлична можност да ја исполни својата политичка агенда, пред се строга имиграциска политика и намалување на даноците, без да има поголема блокада на демократите

Се уште не седнат во Белата Куќа, Доналд Трамп ги именуваше првите луѓе на најважните институции. Поранешната конгресменка, Тулси Габард, ќе биде директорка на Националните разузнавачки служби додека пак Сенаторот од Флорида, Марко Рубио е номиниран за нов државен секретар на САД.

„Ќе работам секој ден на спроведување на неговата надворешнополитичка агенда. Под водство на претседателот Трамп, ќе донесеме мир преку сила и секогаш ќе ги ставаме интересите на Америка на прво место.“ – Марко Рубио сенатор од Флорида.

Големи контроверзи предизвика изборот на Мет Гец за нов државен обвинител. Изборот на Гец да раководи со позицијата се најде во фокусот поради големиот број на критики на Трамп, кој е обвинет за неколку федерални кривични дела по напуштањето на функцијата во 2021 година.

Новиот државен обвинител на САД ги бранеше лицата кои беа обвинети за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари а ја предводеше и иницијативата за смена на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, со што го парализираше долниот дом речиси еден месец.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ГОЛ: Македонија во водство против Летонија

Следно

Македонија убедливо прва во групата, Димитриевски четири натпревари без примен гол

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop